Се урна руски авион, чудо го спаси само 4-годишно девојче
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2017
Еден руски авион се урнал на истокот на земјата и притоа загинале најмалку седум луѓе, но девојчето (4 години) кое било во авионот преживеало.
Авионот паднал при слетување на локалниот аеродром кај селото Нелкан, што е некои 1 000 км од главниот град на тој регион Кабаровск.
Во прашање е мал авион со седум патници, вклучувајќи два члена на екипажот, и едно четиригодишно дете, пренесоа локални претставници.
Не се познати причините за падот на авионот, а преживеало само детето кое итно е пренесено во болница.