СЕ УШТЕ СТЕ НЕВРАБОТЕНИ? Време е да го промените пристапот, а еве како
Објавено во: Економија, Стил 15 Ноември, 2015
Нова Година е најдобро време за животни промени и поставување на нови цели. Ако немавте доволно среќа да се вработите во минатата година, тогаш во оваа што следи треба да го промените пристапот на барање работа. Еве неколку совети како да имате поголема шанса да се вработите.
Квалитет наместо квантитет
Ако до сега сте конкурирале на безброј работни места, од чистач до директор, и не сте имале позитивен резултат време е да ја промените тактиката.
На почеток ставете ги на лист хартија вашето искуство и вештини и размислете за кој оглас за работа би биле најдобар кандидат.
Потоа работете на вашето CV и постојано подобрувајте го преку работилници, волонтирање, семинари и сл.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/21/kako-da-go-podobrite-vasheto-cv/" target="blank" ]Како да го подобрите вашето CV?[/button]
Не ги фрлајте контактите од бившите колеги
Ако имате работно искуство, од голема помош можат да ви бидат вашите бивши колеги. Контактирајте со поранешни соработници и кажете им дека ви треба работа. Освен што можат да ве препорачаат во нивната фирма, можат да ве предложат и на друго работно место.
Освежувајте го вашето CV
Работната биографија е најважниотдокумент за вашиот иден работодавец.
Особено обрнете внимание на вашето мотивационо писмо што го испаќате кога конкурирате. Во него не ја повторувајте вашата биографија, туку пишувајте искрено и убедливо дека вие сте вистинскиот кандидат за таа работа.
Учете од грешките
Изреката „Кој работи тој и греши” не е само обична фраза, туку е многупати потврдена во пракса. Водете се според ова и направете список од вашите деловни грешки и анализирајте што би промениле кога би имале нова шанса.