18 Мај, 2024
0.0316

СЕ ВАКЦИНИРАВ СО ТРЕТА ДОЗА, ЌЕ МИ ТРЕБА ЗА ПАТУВАЊЕ: Караванот си замина, заинтересираноста само од корист

Објавено во: Македонија 05 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Караванот за вакцинирање против Ковид-19 што од 21. март го организираше Министерството за здравство, помина во 14 населени места низ Македонија. Целта на здравствените власти во земјава секако беше поголем опфат на вакцинирано население против корона вирусот, но бројките кажуваат дека заинтересираноста кај граѓаните не беше на посакуваното ниво. Најголем број заинтересирани лица за примање на вакцината беше меѓу оние кои веќе се два пати вакцинирани, па во овој период ја примаат третата доза. Велат ќе им треба за патување, иако не веруваат цврсто во нејзината 100 прозентна заштита од вирусот.

-Минатата недела ја примив третата доза пред се зошто имам бизнис релации со Грција и треба да патувам. Првите две дози ги примив во јули минатата година, а во ноември се заразив со Ковид-19. Се покажа дека вакцините го немаат оној ефект кој сите го очекувавме, и граѓаните и лекарите, па дури и самата наука. Не знам, можеби да не примив во јули ќе завршев и во болница, но и покрај двете вакцини, болеста не ја поминав најлесно. Сега еве по трет пат се вакцинирам, но мојот интерес е пред се заради патувањата кои ми претстојат. Треба службено да одам во Грција, а секако планирам и приватни патувања во текот на летото. Главно ми е да го имам дигиталнит ЕУ сертификат во телефонот, вели наш сограѓани од Скопје.

И од центрите за јавно здравје за Фактор потврдуваат дека нема преголем интерес за вакцинација против корона вирусот, и покрај тоа што откако тргна Караванот за вакцинација здравствените домови пријавија над 11% зголемување во просечниот дневен број вакцинации во нивните објекти, во однос на претходниот период. Каравант, за приближување на вакцинацијата до граѓаните и бенефитите од неа, како што посочуваат, не го дадоа посакуваниот резултат.

-Имаше извесен број граѓани кои досега не се вакцинирале против короната, дојода примија прва доза, но мора да бидам искрена дека немаше гужви. Очекувавме повеќе. Им ги посочивме сите придобивки, но голем е бројот на оние кои не сакаат да слушнат за вакцина против ковид-19. Поготово сега кога епидемиолошката состојба е релативно мирна, интересот е навистина минимален. Никаде нема гужви, вакцини имаме и повеќе од доволно. Стотици илјади беа уништени, за жал. На луѓето ни на крај памет не им е да дојдат и да се вакцинираат, вели една од медицинските сестри која ја контактиравме.  

Инаку, Караванот за вакцинација заврши завчера во Струга. Медицинските екипи, придружувани од волонтери на Црвениот крст и студенти од медицински здруженија, споделуваа веродостојни информации за вакцинирањето против, како и за придобивките од вакцинацијата и ризиците од болеста доколку не се прими вакцината.

-Според податоците од Институтот за јавно здравје, околу 41,2% од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози. Голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици од Ковид-19. Невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смртност од Ковид-19 во споредба со тие кои се вакцинирани. Затоа, граѓаните не треба да се колебаат и одлуката за вакцинирање не треба да се одложува, изјави минатата недела заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски. 

Од Министерството за здравство нагласија дека ќе продолжат да работат на откривање на бариерите што го отежнуваат вакцинирањето против вирусот во различните заедници и ќе бараат начини за надминување на тие бариери преку прилагодени комплементарни активности што ќе ги донесат вакцините и информациите поблиску до граѓаните, особено до ранливите сегменти на населението. 

Министерството за здравство го почна караванот за заштита од КОВИД-19 со поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ). Караванот почна во Шуто Оризари на 21 март, а заврши во Струга на 3 април. 

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?