26 Април, 2024
0.0305

Се враќа идејата за заштита на албанската страна на Охридско езеро од Унеско

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Идејата за заштита на албанската страна на Охридското езеро е постојано присутна низ изминатите години, но се уште не се направиле конкретни чекори за нејзина реализација со што екосистемот би добил многу поголема заштита и одговорност кај властите и населението да ја почитуваат. 

Затоа претставници од релевантни институции од Република Македонија и Република Албанија ги разгледуваат мерките за прекугранично управување со сливот на Охридското Езеро и ставање на албанскиот дел од езерото под заштита на УНЕСКО како природно и културои наследство на четвртата средба за прекугранична соработка меѓу двете држави што денеска се одржува во Струга.

Претставникот на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, Синиша Шешум смета дека проектот за заштита на албанскиот дел од Охридското Езеро како природно и културно наследство на УНЕСКО напредува добро и очекува во 2019 година целото езеро да биде заштитено.

- До септември идната година очекувам да се направи документ за запишување на овој дел од езерото во светско налседство заштитено од УНЕСКО, кој ќе влезе во процедура во 2018, а резултати може да очекуваме во 2019 година појасни Шешум, нагласувајќи дека Албанија е многу посветена за реализација на овој проект.

Доколку езерото е заштитено како целина тогаш може да се постигнат посакуваните резултати, а интерес и залагање постои кај албанската страна, па сега се прават чекори како да им се помогне во изработка и поднесување на апликацијата. Со овие напори може да се спречат детектираните закани врз природата и екосистемот на Охридското езеро со заеднички напори од двете страни.








Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката