СЕ ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛ НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО - М.КАМЕНИЦА: Колона возила чекаат да се изгаси пожарот (ВИДЕО)
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023
На регионалниот пат Делчево - Македонска Каменица попладневно се запали автомобил во движење.
Објавено е видео од запалениот автомобил на фејсбук страната „Делчево365“.
Како што наведуваат лицата кој го споделија видеоото од опожареното возило, возачот од автомобилот е на безбедно.
Видеото од пожарот подолу, или на следниов линк.
Фото: Принтскрин/Фејсбук