29 Април, 2024
0.0264

Јовановски: Се зголемува поддршката од компаниите за пошироката заедница

Објавено во: Економија 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Бројни компании се одзваа на апелот на Стопанската комора на Македонија и помогнаа со свои донации за справуавње со последиците од ширењето на вирусот, рече денеска Зоран Јовановски, Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања.

Тој ги наброи сите донации

„Компанијата „ЕВН Македонија“ донираше 200 илјади евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем. Исто така, „ЕВН Македонија“ го донираше и приклучокот за електрична енергија за мобилната болница подигната во рамки на Клиничкиот центар во Скопје. Материјалите и изведбата на хидроизолационата заштита на оваа мобилна болница во вредност од 15 илјади евра се донација на компанијата „Адинг“.

Компанијата „Окта“ донира медицинска опрема во вредност од 50 илјади евра, при што набави медицински апарати посочени како неопходни од страна на Министерството за здравство.

„Лукоил Македонија“ донесе одлука да додели 15.000 литри гориво на Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Црвениот крст на Македонија. 

Компанијата „Семос едукација“, во координација со Министерството за образование започна со бесплатна едукација на 1.200 наставници од основните и средните училишта во земјава. Се работи за едукација по пат на вебинар-сесии со кои се споделува знаењето и искуството на „Семос едукација“ за онлајн настава сé со цел на наставниците да им се олесни продолжувањето на наставата и децата да добијат  што подобро образование во вакви услови.

 Компанијата „Бимилк“ изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка во износ од 15 милиони денари. Дополнително, „Бимилк“ донираше и финансиска помош на Клиничката болница во Битола за набавка на медицинска опрема како и производи за помош на најранливите групи граѓани во Битола, помош која се дистрибуира преку Црвениот крст. 

Компанијата „Виталиа“ донираше пакети здрави производи и средства за набавка на заштитна опрема за вработените на Инфективната клиника, како и преку 500 кг оброци здрава храна за ранливите категории на граѓани. Исто така, компанијата „Виталиа“ изврши предвремено плаќање на данокот за добивка во износ од 3,5 милиони денари. 

Компанијата Mozzart Bet обезбеди донација во парични средства во износ од 50 илјади евра, од кои досега се веќе донирани 15 илјади евра на Инфективната клиника во Скопје и 10 илјади евра на Општата болница во Куманово.

Печатницата „Киро Д. Дандаро“ од Битола обезбеди парична донација за потребите на Клиничката болница Битола за набавка на опрема и средства за заштита, согласно добиена спецификација од болницата за конкретните потреби.

Компанијата Ми-Да Гранд Моторс воведе бесплатна услуга при редовен сервис на возила од брендот Ford за сите здравствени работници, доктори и медицински лица.

Стопанската комора ги поздравува сите овие активности на бизнис секторот. Апелираме и до сите други компании да се придружат и во рамки на своите можности да дадат поддршка на пошироката заедница. 


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка