02 Мај, 2024
0.1704

СЕДУМ ГОДИНИ ПО БУКУРЕШТ: Наместо во јато, сами во НАТО?!

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

По неуспехот во 2008 година, кога поради грчкото вето Македонија не стана дел од НАТО Алијансата, заедно со Албанија и Хрватска, деновиве земјава повторно е во фокусот на домашната, но и меѓународната јавност. Првата посета на новиот македонски државен врв предводен од премиерот Зоран Заев во Брисел е со оптимистички најави. Македонија ќе се обиде да добие покана за членство во НАТО со привремената референца, а потоа во период од две години додека трае ратификацијата кај 29-те зeмји членки на Алијансата да ги реши разликите за името со Грција. Ова е пораката што во седиштето на НАТО на генералниот секретар Јенс Столтенберг му ја испрати претседателот на македонската Влада Зоран Заев.

Македонија ќе разгледа нови предлози за нејзиното привремено име, во обид да го отклучи грчкото противење на нејзиното членство во НАТО, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров за лондонскиот весник Фајненшел тајмс. Членството во НАТО би помогнало да се смират состојбите на Балканот и да се намали опасноста од крвопролевање во регионот, додал Димитров за лондонскиот весник, во пресрет на неговата посета на Брисел и Атина. 

Димитров за ФТ изјави дека е премногу рано да разговара за какви било конкретни предлози, но и дека ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи за да ја врати довербата меѓу двата соседи, откако Атина стави вето на апликацијата на Македонија во 2008 година за прием во НАТО. “Ќе ја прашам Грција каков вид на сосед сака. Дали сака стабилна, пријателска држава која нуди надеж, демократија и правда? Ако ние бидеме добар сосед на Грција, можеби грчките политички сили ќе сфатат дека ова ни се пружа историска можност”, изјавил Димитров за Фајненшл тајмс.

Заев, Шеќеринска, Димитров, Османи во Брисел

Македонскиот државен врв предводен од Зоран Заев, во првата официјална посета на Брисел, откако земјава доби нова Влада, оствари средби со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со претставничката за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на ЕК, Федерика Могерини, како и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Спроведување на реформите и изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција, се клучните пораки од денешните средби на премиерот Зоран Заев со челните луѓе на ЕУ и НАТО во Брисел. Заев по средбата со еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан изјави дека Владата има намера да ја придвижи Македонија на патот кон ЕУ, со цел целосна нејзина интеграција во европскиот блок, согласно чекорите кои претстојат преку вклучување на сите чинители кои може да помогнат во процесот.

“Јутарњи лист”: Претстои брза акција за влез на Македонија во НАТО

Почнува итна операција на НАТО во Македонија. Во Брисел е подготвен план кој ќе го разбие руското влијание во регионот.. Овој план треба да биде исполнет до пролетта 2018 година..Ова го пишува хрватското издание “Јутарњи лист” и прецизира дека пристапувањето на Република Македонија кон НАТО ќе стане под привремената референца - ПЈРМ..Така ќе биде до нејзиното членство во ЕУ, кога треба да биде решен спорот за името меѓу властите во Скопје и Атина. Доаѓањето на власт на Зоран Заев на премиерската функција може да доведе до укинување на главните пречки за пристапувањето на земјата во евроатланските структури. Неодамна беа објавени документи на македонските служби, но и на некои други дека при насилното влегување во парламентот,  на 27-ми април, кога беа тепани над 100 лица, вклучувајќи и самиот Заев, учествувале и српските тајни служби, а руските дејствувале за дестабилизација на Македонија и предизвикување на судири меѓу Македонците и Албанците. Русија многу тешко  го прифаќа членството на Црна Гора во НАТО, бидејќи на тој начин загуби едно парче од сложувалката за зајакнување на влијанието на Западен Балкан, а самата Македонија требаше да биде дел од руската сфера на влијание. Во таква ситуација одлуката на НАТО е сосема разбирлива.

Македонија требаше да биде дел од НАТО уште во 2008 година

Албанија и Хрватска на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година добија покани за членство во алијансата додека Македонија извиси заради грчкото вето. Американскиот претседател Џорџ Буш кој силно ја поддржуваше  Македонија, по неуспехот во Букурешт изјави дека земјава за САД веќе е членка на Алијансата и дека проблемот со името може да се реши. Како еден вид привремена компензација САД потпиша специјален билатерален договор со Македонија со кој ја гарантираат безбедноста на земјата. САД ја охрабруваше Македонија да продолжи на патот на реформите и да го реши проблемот со името со Грција во што тие ќе помогнат.

Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад