06 Мај, 2024
0.0233

Седумдесет земји се активираат во борба против тероризам

Објавено во: Свет 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Многу европски и арапски држави ветија дека целосно ќе го криминализираат финансирањето на патувања и регрутирање за терористички цели, дури и кога тоа не е е поврзано со конкретен терористички напад.

Седумдесетина земји ветија дека ќе преземат нови мерки за спречување на финансирањето терористички организации, на дводневната конференција во Париз.

Учесниците на конференцијата се обврзаа да преземат акции за справување со ризиците поврзани со начините на плаќање кои потешко се следат, како што се готовина, припејд картички и системот за пратки „хавала“, често застапен во некои африкански земји. 

На конференцијата е договорено да се преземат чекори за да се обезбеди спроведување на анти-терористички финансиски стандарди во однос на непрофитните организации, а притоа да не се обесхрабруваат активностите на граѓанското општество.

Француските организатори на Конференцијата истакнаа дека воените порази на терористичката „Исламска држава“ не ја спречуваат групата да ги извршува своите терористички активности, заедно со Ал-Каида – особено во нестабилните региони, како што се Авганистан, Малезија, Филипини, Јемен, Египет и субсахарска Африка. Освен припејд картички и готовина, ИД, исто така, инвестира во бизниси и недвижности за да обезбеди финансирање на своите активности. Приходите на ИД се проценети на 2,5 милијарди американски долари помеѓу 2014 и 2016 година, според канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра