30 Април, 2024
0.0529

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

Објавено во: Македонија 17 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека има факти и информации во врска со настаните во Бањска во Косово на 24 септември минатата година и нив ќе ги презентира на затворена седница на Владата со цел, како што рече, да се преиспита и да се одлучи дали државава и натаму треба да остане во иницијативата „Отворен Балкан“ во која е  заедно со Албанија и Србија.

По инцидентот во Бањска тој не учествувал на настан на „Отворен Балкан“, но, сепак, рече, Владата ќе ја донесе одлуката за натамошно учество на Македонија во иницијативата која, рече, имала благородни цели.

- Кога се случи нападот во Бањска во Косово имав изјава дека ова оди спротивно на основната идеја за иницијативата - дека е за помирување. И реков - ако има директна вмешаност на Белград во Бањска, тогаш навистина треба да се преиспита бидејќи ги крши столбовите на основната идеја. Бидејќи сега имам повеќе информации што се случило во Бањска, планирам на затворена седница да ја информирам Владата, а Владата ќе одлучи како ќе постапи понатаму - рече Османи одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за коспонзорирањето на резолуцијата на ОН за сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Според него, иницијативата „Отворен Балкан“ не е целосна  зашто ги нема сите шест земји на Западниот Балкан, туку, рече, е иницијатива во обид која, на идеја на премиерот на Албанија Еди Рама, имала две цели.

- Таа имаше две цели - помирување за создавање предуслови за затворање на косовско-српскиот спор и за меѓусебно признавање и либерализација на пазарот зашто беше проценето дека 80 отсто од времето камионите на Балканот го поминуваат на граничните премини, а 20 проценти на патот кон нивната дестинација. Се разбира, тоа беа благородни цели во кои ние учествувавме. Но тоа е иницијатива во обид бидејќи додека ги нема шесте земји не е комплетирана иницијатива - дополни Османи.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим