26 Април, 2024
0.0271

СЕКОЈ ДЕН БЕЗ ТЕБЕ Е ТАЖЕН: Тоше, Среќен роденден

Објавено во: Стил 25 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Да беше меѓу нас, денес Тоше ќе полнеше 37 години.

Нашиот Тоше кој умешее да ги сплоти сите.Кај него поделби немаше.

Прерано замина, но ние не те забораваме. 

Песните кои ни ги остави се најголемото богатство кое секогаш ќе не потсетуваат за да не го заборавиме.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево.

Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот животен пат. Како малечок настапува на „Златно славејче“ и на „Мелфест“, пред и официјално да ја почне својата музичка кариера. „Се се должи на љубовта кон музиката. Скалите си одат една по една сами по себе и никогаш не размислуваш што ќе се случи по 10 години или по 20 години“, изјавуваше Тоше Проески. 

Неговиот талент го забележуваат сите, па затоа и неговите настапи уште како дете завршуваат со награди. За првпат пред македонската публика се појавува на Скопскиот фестивал со „Остани до крај“ во 1997 година. Од овој момент почнува и неговиот поход кон ѕвездите.

Тоше загина на 16.10 2007 во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.


Скромна културно-уметничка програма е најавена за утре во спомен-куќата во Крушево во чест на роденденот на Тоше Проески. Музичката манифестација ќе започне во претпладневните часови со локалното дуо „Кики и Пеце“,а свои настапи ќе имаат и хорот на СОУ „Наум Наумовски Борче“ и сопранистката Билјана Јосифов придружувана од клавијатуристот Сашо Николовски. Претходно, во 11:15 часот ќе биде положено цвеќе на вечното почивалиште на легендарниот македонски пејач. На одбележувањето на денот на раѓање на Проески свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и директорката на спомен куќата Елена Мирчевска. Свој придонес во организацијата има и в.д. директорот на Македонска филхармонија, крушевчанецот Виктор Илиески, информираат од општина Крушево.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти