Секој ден по три жени заболуваат од рак на дојка, еве како да се заштитите
Објавено во: Стил 04 Октомври, 2015
Годинава во Македонија се регистрирани преку 1 200 новозаболени жени од рак на дојка, што е речиси и по три жени на ден.
Октомври е месец за подигање на свеста за ракот на дојка. Секоја жена треба добро да се информира за оваа болест која е се почеста и да знае како да се заштити.
Научниците препорачуваат неколку методи за намалување на ризикот од рак.
-Употребата на повеќе маслиново масло и примената на медитеранска исхрана значително ја намалуваат веројатноста жената да стане жртва на рак на дојка во зрелоста.
- Новите клинички истражувања покажуваат и директна поврзаност на конзумирањето јод и превенцијата за ширење рак на дојка. Јодот ги убива канцерогените клетки и предизвикува програмирано изумирање.
- Прекумерната тежина кај жените се поврзува со зголемен ризик од рак на дојката. Се смета дека дебелината го зголемува ризикот од појава на рак на дојка со 40%. Затоа Одржувајте здрава телесна тежина, особено по менопаузата.
- Колку повеќе алкохол пиете, толку повеќе го зголемувате ризикот од рак на дојка. Истражувањата покажуваат дека пиењето на два алкохолни пијалаци дневно го зголемува ризикот за 21%.
- Ограничете го консумирањето на црвено месо, бидејќи се верува дека го зголемува ризикот од рак на дојка. Заменете го црвеното месо со пилешко или морска храна.
- Здравото тело не се одржува само преку храната. Најважен дел во одржувањето здраво тело и намалувањо на шансите од рак е редовната активност.Потребно е да имате активен живот и да вежбате најмалку 30 минути три пати неделно. Колку повеќе вежбате, толку поголема заштита си обезбедувате.