26 Април, 2024
0.0289

Секој жител има 185 000 долари од нафтен фонд

Објавено во: Финансии 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Норвешкиот нафтен фонд ја достигна границата од 1 билион долари. 

Растот на акциите на светските берзи и зајакнувањето на еврото ги зголемија неговите средства.

Tој е основан во 1998 година за да ја чува заработката од продажбата на нафта за идните генерации. Сега вреди 250% од норвешкиот БДП, додека проекциите порано покажуваа дека тој процент до 2020 година ќе биде 130%. 

Практично секој жител на земјата, без разлика дали се работи за мажи, жени или деца, има по околу 185 000 американски долари. 

За самиот фонд исто така е напишано: „Владиниот глобален пензиски фонд се чува за идните генерации. Еден ден нафтата ќе исчезне, но враќањето на фондот ќе биде продолжение на просперитетот за норвешките граѓани“. 

На веб-страницата на норвешкиот инвестициски фонд е напишано: „Работиме за да ја зачуваме и изградиме финансиската благосостојба за идните генерации“. 

Фондот, со кој управува еден организационен дел од норвешката централна банка, ги инвестира своите пари во странски акции, обврзници и недвижнини во 77 земји во светот.

Речиси две третини од неговите средства на крајот на вториот квартал ги сочинувале акции, кои претставуваат сопственички удели во околу 9.000 компании, по основ на кои контролира преку 1,3 проценти од сите акции листирани на берзите во светот.

Од другата страна, бројот на жители на Норвешка од 5,3 милиони луѓе сочинува помалку од 0,1 проценти од светската популација.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат