СЕКСОТ КАКО ВАЛУТА: Во оваа земја инструкторите од авто-школа можат да наплаќаат со секс
Објавено во: Свет, Стил 21 Декември, 2015
Новиот закон во Холандија предизвика бура од реакции, откако Владата се изјасна дека инструкторите по возење во земјата ќе имаат право да прифатат секс како вид на наплата за услугите кои ги обезбедиле, пишува британскиот Dailymail.
Најновиот закон „Возење за возење“ Владата во Холандија го прифатила и важи за сите почетници кои се постари од 18 години.
Проституцијата е легален вид на работа во Холандија, се додека лицето кое се занимава со оваа работа има лиценца и плаќа данок на државата, но новиот закон оди чекор понатаму, пренесуваат медиумите.
Не се сите воодушевени со новиот закон. Пратеникот Герт Јан Сегер, членот на конзервативната партија на Обединети христијани покренал прашање за морал и барал овој закон да се повлече, како и таквиот вид на исплата да се казнува.