Села до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Уште имате геноцидни тенденции
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017
Пратеникот Зијадин Села и члена на коалицијата Алијанса за Албанците на собраниска говорница им посочи на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека сеуште имаат геноцидни тенденции кон албанскиот народ на кој му посочуваат ако сака права да си ги бара во Албанија.
„Постои платформа на сите политички парламентарни албански партии. Вие може да ја наречете како сакате, Тиранска или Приштинска платформа, но таа е реалност и нешто ново во политиката во Македонија. Поминаа 16 години од потпишувањето на Рамковниот договор кој се уште не се почитува. Ние треба да ги отвориме прашањата за геноцидот не само пред туку и по 2001-ва, како што е семејството Зекири од Радишани. Вие сеуште имате геноцидни тенденции кон цел еден народ“, посочи Села.
Ваквите изјави на Села наидоа на негодување кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но и кај провладините медиуми кои го обвинуваат за национализам и нафрлање вина врз Македонците дека се геноциден народ. Дел од албанската платформа е и носење на резолуција со која треба да се осуди наводен геноцид врз Албанците во минатото.