Села: Предлогот на Груевски за малцинска влада е директен чекор кон федерализација
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017
Зијадин Села, претседател на ДПА-ДР и Алијансата за Албанците смета дека предлогот на Груевски за малцинска влада значи директен чекор кон федерализација.
„Предлогот на Груевски кон СДСМ да направи малцинска влада со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ при што би имале заедно 100 пратеници ќе значи федерализација на Македонија од следниот ден. Што ќе им значи на Албанците да учествуваат на избори и да работат во Собранието кога владата ќе биде составена само од Македонци“, прашува Зијадин Села во емисијата Клик Плус.
Груевски побара од Заев да се откаже од како што ја нарекува Тиранската платформа и потоа ќе му биде поддржана владата без ниту еден функционер во неа на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не значи дека барањата на албанските партии магично ќе исчезнат.