Села се опоравува, префрлен е во тетовската болница
Објавено во: Македонија 29 Април, 2017
Пратеникот Зијадин Села од Алијансата за Албанците кој беше најтешко повреден во инцидентите во Собранието, денес е префрлен во тетовската болница.
Неговата здравствена состојба се подобрува. Од болницата соопштуваат дека тој ќе биде задржан на лекување уште неколку дена. Села, имаше контузија на мозокот и скршеници. Во инцидентот се повреди се здобија повеќе пратеници, а вкупниот број на повредени заедно со граѓани, полицајци, новинари беше околу стотина.