27 Април, 2024
0.0290

СЕМЕЈСТВОТО НА ПРВО МЕСТО: Богаташите во Фиренца биле најбогати и пред 600 години

Објавено во: Финансии 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

На најбогатите семејства  во италијанскиот град Фиренца им „оди добро“ веќе некое време-шест векови, прецизно речено.

Според неодамнешна студија, која ја спровеле италијанските економисти Ѓулејмо Бароне и Сауро Мочети, најбогатите семејства во Фиренца денеска, биле најбогати и пред 600 години.

Благодарение на онлајн дигитализацијата податоците за фирентските даночни обврзници за проучување на долгорочните економски мибилности, економистите ги анализирале податоците од 1427 година до денес.

„Даночните обврзници кои најмногу заработуваат сега, биле на врвот на социоекономската листа и пред шест векови“, тврадт Бароне и Мочети.

Иако ги признаваат маните на следење на линијата на семејното богатство преку презимиња, авторите на студијата истакнуваат дека италијанските презимиња се со изразен регионален карактер и по правило се пренесуваат линеарно.

Тие тврдат дека семејствата на врвот на листата и пред шест векови, имале најпрестижни бизниси . Притоа, фактот дека богатството се пренесува од колено на колено не е необичен, она што импресионира е како овие семејства го сочувале богатството преку небројни историски превирања кои во овој долг период ја погодиле Фиренца. 

Опсади, Наполеонова инвазија, граѓанска војна, војна за обединување, фашистички режим, две светски војни - Фиренца малку кој судир ја заобиколил, но и покрај тоа, големите италијански семејства успеале да се одржат.

Студијата понатаму дава уште еден во низата докази за акумулација на богатство. Претходните истражувања спроведени во Англија покажале дека некои богати и моќни семејства, опстојуваат и по осум векови, односно 28 генерации.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат