20 Мај, 2024
0.0283

Семос Едукација воведува виртуелни училници за online учење и организира бесплатна online обука за наставници

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Семос Едукација овие денови ги отвори своите виртуелни училници за сите слушатели низ цела Македонија за online учење без граници. Во своето 25 годишно искуство како едукативен центар кој нуди повеќе од 300 различни професионални курсеви и повеќегодишно искуство во спроведување на online обуки Семос Едукација се прилагодува на новонастаната ситуација и интензивно инвестира во инфраструктура која може да обезбеди непречено одвивање на online настава преку своите виртуелни училници.

Online учењето го прави знаењето многу подостапно, отворајќи одлични можности за побрза и полесна работа, како и за усовршување на посакуваните вештини. Виртуелните училници се современ метод на учење, особено развиен во областа на информатичката технологија.

“Свесни сме за ситуацијата, постојано ја следиме состојбата со корона вирусот (COVID-19), и сакаме да ги заштитиме нашите слушатели. За таа цел нудиме можност сите граѓани од целата земја да добијат online пристап до знаење и сертификација која ќе им помогне во нивниот професионален развој. Континуирано работиме на квалитетот на спроведување на обуките. Неодамна спроведовме обуки за нашите тренери и вработени. Семос Едукација само за една недела има спроведено обука за над 360 слушатели во виртуелните училници.” - велат од компанијата.
Истовремено, Семос Едукација како општествено одговорна компанија, ќе организира бесплатна online обука за 1250 наставници од основно и средно образование за користење на алатки кои ќе им помогнат во реализација на нивната online настава. Во очекување сме на насоки од МОН за понатамошна реализација на овој проект.  Предвидено е од секое училиште да бидат обучени по двајца наставници кои понатаму ќе ги обучат своите колеги за спроведување на online настава. За таа цел формиран е и проектен тим од Семос Едукација предводен од Наташа Ристеска Тодоровска, Валентина Тасева и Марко Серафимовски. Тимот забрзано работи на креирање на наставна програма за која веќе имаме спремни 5 модули.

“Ќе го споделиме како своето искуство за online настава, така и своите знаења за соодветните алатки кои можат да се користат во наставата. На тој начин се надеваме дека ќе им помогнеме и на наставниците и на учениците и ќе дадеме придонес кон квалитетна реализација на една од најважните општествени активности – воспитно образовниот процес.” – изјави Наташа Ристеска Тодоровска, проектен менаџер.

Голема благодарност до нашите тренери кои се членови на тимот: Бобан Крстев, Василија Узунова, Ивана Мирчевска и Марко Јовановиќ за споделеното знаење и искуство и учество во креирање на оваа програма која ќе овозможи непречено одвивање на наставниот процес во основните и средните училишта ширум Македонија.

Семос Едукација додаде уште една порака: “Останете дома, почитувајте ги мерките на владата, дигитализирајте се и своите активности префрлете ги во виртуелниот свет. Ви стоиме на располагање за сите прашања поврзани со дигитализација, online функционирање и online обуките. Семос Едукација стои на располагање на јавноста за сите прашања.“


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО