26 Април, 2024
0.0289

Сендвичарницата „Чичко Стоилко“ му отстапи место на барокот

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Култната скопска сендвичарница „Чичко Стоилко“ и уште неколку времени објекти до неа беа отстранети денеска за да се овозможи фасадата на заедничката зграда на ЕЛЕМ и ЕВН да биде реновирана. „Отстранувањето на сендвичарниците „Чичко Стоилко“, „Нино“ и уште два објекта е законска обврска на Општината која постапува по донесеното решение, а на барање на ЕВН за поставување нова барокна фасада на зградата. Сопствениците претходно ги добија писмените решенија за отстранување на нивните времени објекти. Најава за нивно отстранување имаше уште пред неколку години, поради уредување на просторот со околината која е главно во духот на проектот „Скопје 2014“, велат од општината. Киосците долго време го одбележуваат животот на Скопје, особено во централното градско подрачје. На нивно место е најавено дека ќе бидат поставени киосци исто така во барок-стил. Лузена Павловска, сопственичка на оваа скопска сендвичарница прашува како ќе продолжат да живеат сега, кога сендвичарницата е единствениот прилив на пари за нејзиното семејство но и за вработените кои се лојални повеќе од 30 години. „Ќе продолжиме со традицијата, мора поради татко ми. Револтирани сме, имаме многу вработени кои ќе останат без работа и што ќе прават додека се снајдат? Сите чекавме од оваа сендвичарница. Ни е криво што ова се направи баш вака“, вели таа за порталот А1он.  

Можеби ќе ве интересира

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг