03 Мај, 2024
0.0253

Сензационално откритие! Со тест на крвта ќе дознаеме кога ќе умреме

Објавено во: Стил 09 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Англиските научници развиле тест на крвта кој предвидува кога ќе умреме, го одредува ризикот од демензијата и нашата вистинска биолошка возраст. Научниците се фокусирале на стареењето на човечкиот организам и врз констатираната разлика со реалната возраст на пациентот. Тие барале „старечки знаци" во клетките, анализирајќи над 150 гени.

Некои луѓе стареат побрзо од другите и со нив треба да се одржуваат порано вакви тестови за демензија и рак. Развиле нов метод кој се основал на анализи на 54 000 генски ознаки на здрави луѓе, кои воделе седентарен начин на живот. Тие биле на возраст помеѓу 25 и 65 години.

Маркерите биле сведени на 150, но тие претставувале вистински „молекуларен репер за вистинската биолошка возраст на организмот“. Преку него може лесно да се проектира во иднината здравствениот статус на поединецот. Истата возраст е репер и се забележани во мускулите, мозокот, кожата и крвта. За истражувањето сепак е најлесно да се земат примероци крв.

Тестот ја предвидува смртта на тестиран маж во Шведска на воздраст од 70-години и тој дал точни индикации за фаталниот крај во следните 5 години.