СЕПАК ЌЕ ИМА ИНВАЗИЈА НА РАФАХ: Нетанјаху одреди датум
Објавено во: Свет 08 Април, 2024
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека веќе е одреден датумот за инвазија на Рафах.
Нетанјаху не кажа кој е точниот датум, пишува Си-ен-ен.
Тој исто така рече дека „влезот во Рафах“ е неопходен за „целосна победа над Хамас“.
Коментарите на Нетанјаху следат откако Израел соопшти дека се повлекол од Кан Јунис во јужниот дел на Газа по неколкумесечни жестоки борби кои оставија голем дел од градот во урнатини. Рафах, каде се проценува дека се засолнети околу 1,5 милиони Палестинци, се наоѓа во најјужниот дел од опколената енклава. Палестинците се соочуваат со глад. Лани на 7 октомври палестинската терористичка група Хамас изврши напади на Израел, уби над 1.300 Израелци и странци, по што почна војната.