Северна Кореја „подготвена за војна“ со САД
Објавено во: Свет 11 Април, 2017
Северна Кореја предупреди дека е „подготвена за војна“, ако американските воени бродови бидат распоредени на Корејскиот полуостров. Земјата објави дека е подготвена да одговори на неразумно испраќање на авиони и група бродови „Карл Винсент“.
„Ова докажува дека најсмелите обиди на Американците да упаднат на територијата на Северна Кореја достигнаа критична фаза“, изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи, цитиран од локалната новинска агенција.
„Северна Кореја е подготвена да стигне до посакуваното ниво на војна од САД . Ќе ги преземеме најтешкото можни контрамерки против провокациите, за да се заштитиме преку моќната сила на оружјето“, додаде тој.
Вчера од морнарицата на САД соопштија дека испратиле група бродови и авиони кон Корејскиот полуостров. „Американската пацифичка команда нареди група воени бродови да тргне на север, како мерка на претпазливост со цел одржување на подготвеноста и присуството во западниот дел на Пацификот“, изјавил тогаш командант Дејв Бенам.