„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент
Објавено во: Македонија 16 Април, 2024
Дел од медиумите во земјава вчера информираа дека на официјалната веб-страница на Европскиот парламент е објавен документ во кој пишува дека „северномакедонската“ влада предводена од премиерот Талат Џафери продолжува да ги продлабочува односите со Европската Унија.
Денеска до Министерството за надворешни работи беше поставено прашање дали министерт Бујар Османи ќе реагира за повој пропуст.
Како одговор, од МНР велат дека реагирале до Европскиот парламент, а грешката била коригирана.
„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија континуирано укажува на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации.
Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш коригирана“, се вели во известувањето кое новинарите го добија од Министерството за надворешни работи.