26 Април, 2024
0.0268

СЕЗОНАТА НА ПРАГОТ: Летово во Грција ќе ви требаат повеќе пари-бидете подготвени на „изгор цени“

Објавено во: Балкан 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Првомајскиот продолжен викенд туристите го искористија за „отворање на сезоната на капење“ во туристичките места на северот од Грција.

Цените на аранжмани по лице не преминуваа 50 евра со или без доплата за автобуски превоз па тоа беше повод за четиридневен престој во местата 60-тина километри од Солун на бреговите на морето.

Грчките власти соочени со новите услови на Меѓународниот монетарен фонд и процесот на финансиска консолидација, воочливо ги зајакнаа финансиските контроли на угостителските објекти и трговски продавници.

Контролите почнаа веднаш по отворањето на локалите, па било забележливо, што во претходните години не беше случај, да угостителските услуги следат се почесто и издавање на фискални сметки.

„Никогаш не знаеме кога ќе ни дојдат даночни контролори. Тешко е после толку да се воведе ред, но со оглед на казните од 15 до сто илјади евра да се ризикува е опасно“, објаснува сопшственикот на ресторанот за брза храна „Попај“ во Паралија.

Поради зголементе финансиски контроли проценките се дека цените ова лето ќе бидат и до 20 отсто поголеми.

Цената на гирото останала 2,2 евра, со таа разлика што секој додаток се наплаќа 0,3 центи (домати, павлака, кромид). Цената на овој најпоплуарен специјалитет кога е во прашање порција се движи од 6,5 до осум евра, што во просек е зголемување за околу 10 проценти. Еспресо чини 1,2 , пиво од 2,5 до четири евра и тоа според најавите ќе биде и цената за оваа сезона.

Официјално, туристичката сезона во Грција почнува на 20 мај. Дотогаш цените на ноќевање во двокреветна соба со кујна се движат од 20 до 30 евра во зависност од категоријата.

Грчките туристички работници очекуваат годинава да имаат за повеќе од 20 проценти повеќе ноќевања со оглед на ситуацијата во Турција, која, како велат, им е „најголем конкурент“.

Цените на аранжмани во местата и на островите на југот кои се поблиски до Атина и нудат поголема удобност и луксуз, се повисоки во однос на местата на северот и до 40 проценти, во зависност од категоријата на сместување и вид на хотелски услуги.

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)