02 Мај, 2024
0.0257

СЕЗОНАТА ВО ЕК, ВИЕ СЕ ЧУДИТЕ КАДЕ НА ОДМОР: Имаме идеја за „плитки џебови“!

Објавено во: Стил 22 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Летото е во средината на својот ек, а вие се уште не испланиравте каде да летувате годинава. Не сте единствени, па затоа решивме да ве инспирираме каде да уживате во сонцето за ефтини пари.

Изборот е ваш.

Морето во оваа земја е преубаво, ниски цени и не е многу далеку!

neum

Ова место не е премногу близу од кај нас, но ретки се оние кои се впуштаат во таа авантура да пробаат нешто поинакво. Сепак, оние кои ја посетиле оваа туристичка дестинација велат дека ова е вистинскиот „неоткриен бисер“ на Јадранот.

Пристапните цени за сместување, превоз и храна се главен адут во рацете, верувале или не на Босна и Херцеговина, и единствениот град во таа земја на море. Имено, се работи за местото Неум.

Сместувањето кое може да го резервирате уште додека сте во Македонија се движи од 10 евра за ноќ во зависност од тоа колку ѕвездички сакате да има хотелот. Исто така, сместувањето во приватни куќи и станови се движи од 10 до 20 евра за ноќевање и тоа за двокреветен апартман.

Она што е интересно е тоа што Неум од Дубровник е оддалечен само 70 километри, па сите туристи кои имаат желба да го посетат и Дубровник се определуваат за оваа дестинација бидејќи е далеку поефтина од Дубровник, а добро поврзано со автобуски линии.

Како изгледаат плажите и самото место Неум погледнете и сами.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ynBzcSsYhno[/embed]

Како до Неум

Оддалеченоста на Скопје од Неум изнесува околу 559 км или најмногу 10 часа ако патувате преку Косово и Црна Гора .

ЛЕТУВАЊЕ ЗА 100 ЕВРА: Еве каде можете да уживате летово за „џабе“!

Буџетите често ни се ограничени, но поради тоа не мора да останеме без море. Секогаш може да се најдат понуди со големи попусти и по ниски цени, а оние традиционално поволните, може да се најдат и од 59 евра.

Ако се прашувате каде се нудат ниски понуди еве и одговор.

letovanje-more-turisti-turizam-plaza-kupanje-foto-shutter-1433978746-677635

Грција е број еден, но овие понуди воглавно се однесуваат на помалку атрактивните локации, апартмански смештај, и претсезона (значи во средината или крајот на мај, до средината на јуни, а не е исклучок ниту септември).

За десет ноќевања, и автобуски превоз, во коректни апартмански вили навистина за бројни понуди треба да се издвојат помалку од 100 евра, додека Црна Гора е најисплатлива со закуп на амартманско сместување со една или две звезди , со сопствен превоз.

Во местата како Сутоморе, Чањ, или Шушња, апартманите кои се идеални за две лица дури и во сезона може да се најдат за 25 евра, а пред сезона или во септември и за помалку. Така испаѓа да седум дена, по лице, може да чинат помалку од 90 евра.

И не заборавајте, сега е вистинско време за купување на аранжмани, а ако со себе водите деца, за нив има и гратис аранжмани.

Еве неколку примери кои ги најдовме.

Летување во соседна Грција цените се движат отприлика вака:

Kanalis е приморско место областа  Превеза  северозападна Грција.  Kanalis се наоѓа на брегот на Јонското Море, 12 километри северно од  Превеза и 35 километри од Лефкада. На 6 километри од ова место е лоциран  античкиот град Епир.

Местото располага со пространа песочна плажа  со голем број на барови  слична на таа во популарното туристичко место Врахос.

ЛЕТУВАЊЕ БЕЗ ГУЖВИ, НА ПОЛА ЦЕНА, И БЕЗ ГОРЕШТИНИ: Ви откриваме како!

Ако сакате на летување вон сезона, имаме добри вести за вас. Цените на аранжманите може да бидат пониски и до 50 одсто во однос на цените во текот на јули и август, кога сезоната е во полн ек.

Агенциите имаат разни понуди, но се со цел да се стимулираат резервациите на аранжмани во текот на мај и септември.

Од агенциите велат како цените за некои дестинации се пониски за 20-30 одсто, а за поедини туристички места износот на цените на аранжманите може да биде намален и за 50 одсто.

crno more

„Во мај е помала заинтересираноста на луѓето кога е летувањето во прашање, додека во септември интересот е на завидно ниво, бидејќи на одредени дестинации водата е потопла отколку во мај, но тоа не е пречка и за тој месец да има доста заинтересираност“, укажуваат од повеќе агенции.

Aко посакате да летувате во соседна Грција , во Неа Потидеа или Пефкохори, пред сезона, за пакет аранжман за седум ноќевања потребно е да платите 39 евра по лице. Истиот аранжман во текот на јули и август би ве чинел три пати поскапо.

После сезона или во септември, цените се малку повисоки и се движат од 59 па до 109 евра во зависност во кој период од септември ќе летувате таму.

„Патниците кои летуваат во септември се многу задоволни. Им се допаѓа тоа што се помали гужви во одредени туристички центри, а и морето е топло. Големи горештини веќе нема, а уште е многу пријатно. Топли препораки на сите кои се премислуваат“, велат нашите соговорници од повеќе анкетирани агенции, кои додаваат дека Грција сепак е најинтересна за македонските граѓани кои сакаат да поминат поефтино.

Цените во зависност од агенциите варираат, но предностите се неверојатни. На пример, ако сакате на Крф кој е дијамант на Јонскиот архипелаг, можете да најдете аранжман кој опфаќа повратна авионска карта, групни автобуски трансфери и сместување во апартмани и студија за помалку од 200 евра.

За некои дестинации во септември даваме и попуст и до 30 одсто. Имаме и акција каде за поедини дестинации даваме трето и четврто лице да имаат гратис (да не плаќаат еден дел од аранжманот), велат нашите соговорници.

Ниските цени се една од причините што луѓето се одлучуваат за летување вон сезона.

„Голема е заинтересираноста на граѓаните. Во септември најчесто летуваат семејства со деца, бидејќи нема големи гужви, морето и понатаму е топло. Посебно на Халкидики. Аранжманите кои го опфаќаат грчкото море и острови наголемо се распродаваат“, велат од агенциите.

Ваква и слични понуди за во Грција може да најдете овде!

Слични цени може да се најдат и за летување во Бугарија.

Сончев Брег, Несебар се дел од дестинациите кои често се на мета на туристите.

Грција – Летување за ефтини пари

Летување за малку пари. И покрај скокот на данокот на многу работи во соседна Грција тоа не е причина да мислите дека нашиот јужен сосед е поскап од вообичаено.

Туристичките агенции подготвија богата понуда за летување. Грција и оваа година може да се каже дека е дестинација број еден. Понудите на агенциите со превоз и смештај се движат од неверојатни 50-90 евра во претсезоната, до 350-380 евра во најјаката сезона. Цените важат за бреговите и островите кои се во ниски ценовен ранг а сепак сите се претежно уредени и чисти.

Kavalikefta plaža, Grčka

Македонските туристи најчесто летуваат во Грција, поради убавите песочни плажи и пониски цени. Повеќе од 80 одсто на туристите предност им даваат аранжманите со автобуски превоз и летување на северот од Грција. Љубителите на Халкидики можат да изберат помеѓу индивидуални и организирани тргнувања до најубавите делови на северот Ситонија, Касандра, Атос, Лефкада, Парга, Фурка…

Цените во вонсезонската потрошувачка варираат од место до место, но немојте да се изненадите доколку поевтино поминете со цените во ресторани, таверни и кафулиња отколку во Скопје.

Панама – прекрасна тропска дестинација за летување

Ако ви се допаѓаат Костарика и Колумбија и мислите дека се егзотични можности за патување, Панама дефинитивно ќе ви стане фаворит.Градот е лоциран на место во кое се спојуваат Атлантскиот и Тихиот Океан. Само тука можете да се разбудите порано и да бидете сведоци на изгрејсонцето над Атлантскиот Океан, а на крајот на денот да го испратите сонцето над Пацификот.

Земјата го комбинира модерното со класично. Покрај тоа соседните острови на Панама се вистински рај – бистри води и бели песоци, кои тешко можат да остават некого рамнодушен.

panama31

Прво, треба да знаете дека Панама е најјужната земја во Централна Америка, која се наоѓа помеѓу два континента – Јужна и Северна Америка.

Ако одлучите да ја посетите Панама, ви препорачуваме да го видите главниот град, каде има големи импресивни облакодери кои застанале над океанот, одделени со широки булевари. Во градот има прекрасни места за рекреација и спорт. Во Панама има и многу знаменитости кои ќе ве восхитат.

СОВЕТИ ПРЕД ЛЕТУВАЊЕ: Како да потрошите помалку?

Кога сте на одмор, треба да знаете како да одолеете на купувањето.

За многумина одморот е време кога трошат повеќе пари отколку што планирале.

Ова се некои од начините како на годишен одмор можете да заштедите:

За да заштедите на патарина, патувајте по алтернативни патишта, не по автопати.

Избегнувајте скапи ресторани и кафулиња.

Многу од угостителските објекти на море се прескапи и тоа е добро познато.

Не изнајмувајте лежалки и чадори за сонце на плажа.

Мали лежалки понесете со себе, за да не трошите дополнително средства.

Понесете храна и пијалоци со себе, затоа што на море цените се „солени“.

Не купувајте на штандови. Иако ви се чини дека на штанд нема многу да потрошите, малку по малку паричникот ќе ви се испразни.