20 Мај, 2024
0.0407

Шаќири: Стручното образование обезбедува побрзо финансиско осамостојување

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Со отворени денови на средните стручни училишта во Охрид, Струга и Кичево продолжи реализацијата на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка од Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, со цел унапредување на квалитетот на средното стручно образование.

Министерот Јетон Шаќири истакна дека со  презентирањето на предностите и придобивките од средното стручно образование пред младите ги информираат за сите новини од учебната 2022-2023 година кои ќе ги понудат средните стручни училишта, а кои се резултат на дијалогот што МОН го спроведува со општините, училиштата и бизнис заедницата.

- Ги информираме каде има нови наставни програми, нови дуални паралелки, кои компании се вклучуваат во практичната подготовка на учениците, но и ја подигнуваме свеста дека овој тип на образование нуди поголеми можности за нивен личен успех. Општеството се соочува со дефицит на стручен кадар, има многу слободни места за кои се бараат стручни квалификации. Така што, стручното образование обезбедува поголема веројатност за брз и успешен настап на пазарот на трудот, за побрзо финансиско осамостојување на младите и економска стабилност. Воедно, обезбедува и добра основа за секој кој сака академски да се надградува - рече Шаќири.

Министерот упати благодарност до сите учесници во кампањата „Учи паметно, работи стручно“, нагласувајќи дека преку инклузивен пристап се остварени одлични резултати.

- За само година и половина, од 11 дуални паралелки стигнавме до 97 во соработка со 200 компании во моментов, а од идната учебна 2022/2023 година отвораме 223 дуални паралелки во соработка со 450 компании кои практично ќе ги обучуваат учениците директно во производствените и организациските процеси. Така што, се надевам дека оваа кампања ќе продолжи и во следните години, сé додека дава придонес кон усогласувањето на образовните политики со политиките за вработување и за пополнување на слободните места на пазарот на трудот - нагласи Шаќири.

Заедно со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, министерот Шаќири ги посети средните училишта „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Питошевски“, додека со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го посети средното стручно училиште „Нико Нестор“.

Заменик-министерот Лулзим Алиу, пак, заедно со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари ги посети средните стручни училишта „Мирко Милевски“ и „Дрита“, каде што рече дека МОН ќе продолжи да обезбедува финансиска поддршка во форма на стипендии за учениците кои избираат да се запишат во дуални паралелки, посочувајќи дека тоа е одлична стимулација и можност за стекнување лични приходи за време на школувањето на младите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража