27 Април, 2024
0.0302

ШАНСА КОЈА НЕ СЕ ПРОПУШТА: Италијански хотели нудат бесплатни ноќевања во март, ама под еден услов!

Објавено во: Стил 27 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Оние кои се одлучиле да ја посетат Италија во месец март оваа година, ќе можат да имаат корист од B & B Day (Bed and Breakfast). Единаесетото издание на празникот ќе се одржи на 4 март 2017 година (сабота).

За време на B & B Day илјаднци италијански мини хотели нудат бесплатни ноќевања и појадок на своите гости. Таа важи за оние кои резервирале викенд или повеќе дена.

Според условите оваа година, ако клиентите резервираат на 4 и 5 март, ќе платат само за второто ноќевање. Ако резервацијата е за 3 и 4 март, платен ќе биде само 3-ти, соопштува официјалниот сајт на B & B Day.

Услугата е достапна во италијански села во провинцијата со импозантни домови и дизајн, стари вили или селски куќи. Тие со ентузијазам ги пречекуваат гостите за Денот B & B.

Националниот ден B & B е создаден од www.bed-and-breakfast.it - ​​популарен туристички портал. Ова е можност која не смее да се пропушти, бидејќи е повод да се запознаете со убавината на земјата и гостопримството на луѓето.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти