19 Мај, 2024
0.1739

ШАНСА ЗА ИТ МАЈСТОРИ: Финска бара работници-И требаат 7000 програмери

Објавено во: Стил 18 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Пред три години финска Нокиа, познат произведувач на телефони, речиси исчезна од лицето на земјата.

Со превземањето ја спаси Мајкрософт, но во меѓувреме 15 000 вработени останаа без леб.

Денес Финска бара 7000 програмери, меѓутоа, ветераните на Нокиа ги прегази времето.

Имиграционата политика во таа земја го отежна вработувањето на странците додека фокусот во ИТ се промени со изработка на софтвер за телефони и останата техника на производство на мобилни игри и апликации, што бара специфични вештини.

Финскиот технолошки сектор во овој момент бара 7000 програмери.

„Ги сакаме најдобрите програмери и дизајнери како би креирале игри, но не можат сите да бидат Финци“, рекол Ика Пананед, главниот извршен директор на Сеуперцел, компанија со 180 вработени и приход од милијарда долари.

Финска смета на своите стартапи, посебно на компании како Суперцел, која ја креирала играта „Clash Of Clans“, или на „Rovio“, заслужен за „Angry Birds“.

Малите софтверски комапнии бараат лица со посебни вештини, кои се спремни да почнат да работат без тренинг и период на навикнување, што се лоши вести за 15 000 отпуштени ветерани од Нокиа.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“