06 Мај, 2024
0.0225

ШАНСА ЗА МЛАДИТЕ: Се нудат 20.000 евра неповратно

Објавено во: Агробизнис 13 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Неповратни 20.000 евра се нудат за млади земјоделци до 40 години. 

До 3 март годинава земјоделците до 40 години ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство, а годинава оваа финансиска поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) го објави јавниот повик за мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство. 

Парите се наменети за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Корисниците на оваа помош треба да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.