ШЕФОТ НА ЦИА ГО ПРЕДУПРЕДУВА ТРАМП: Јас си одам, а ти внимавај на ова!
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
Џон Бренан, директорот на ЦИА кој заминува наскоро од функцијата, изјавил дека би била „врвна лудост“ кога новоизберениот претседател на САД Доналд Трамп би го прекинал договорот на Вашингтон и Техеран, бидејќи би било многу поверојатно дека Иран и други би набавувале нуклеарно оружје.
„Тоа би можело да допринесе на програмот за вооружувања внатре во Иран, кое би можело да ги наведе државите во регионот да работат на своите програми“, рекол Бренан за БиБиСи и додал дека поради тоа би била огромна катастрофа да ги прекинат договорите.
Тој додал дека следната администрација ќе направи „најголема глупост“ ако го раскине тој договор. Бренан рекол дека, кога се работи за решавање на кризата во Сирија, Трамп требало да биде внимателен во намерата да соработува со Русија.
„Се надевам дека односите помеѓу Вашингтон и Москва ќе бидат подобрени“, рекол директорот на ЦИА.
Тој додал дека Трамп и новата администрација треба да бидат внимателни во врска со ветувањата кои и ги дава на Русија. Џон Бренан во јануари заминува од местото шеф на ЦИА после четири години.