ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА НА СНИМАЊЕ НА ТУРСКА СЕРИЈА ВО СКОПЈЕ - темата на филмот е забранета љубов
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2022
Претседателот Стево Пендаровски присуствувал на сет на снимањето на турски сериски филм кој се снима во Скопје.
– Деновиве го посетив сетот на турскиот сериски филм „Балканска приспивна песна“ во продукција на ТРТ, којшто се снима во Скопје. Со филмската екипа разговаравме за впечатоците од нивниот досегашен ангажман, напиша претседателот Пендаровски.