ШЕСТМИНА РАБОТНИЦИ НЕ ЈА ПРЕЖИВЕАЈА КАТАСТРОФАТА ВО ХЕМИСКАТА ФАБРИКА ВО КОЧЕВЈЕ: Причината за несреќата е човечка грешка
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022
Според податоците на словенечката полиција, во несреќата што
се случи вчера во хемиската
фабрика во Кочевје, официјално загинаа шест лица, односно петмина
работници во компанија од
Љубљана кои морале да поправаат електрични инсталации во областа каде што се
случила експлозијата, како и еден
работниктокму во фабриката Меламин .
Агенцијата Хина јави дека еден од двајцата работници кои се здобиле со тешки изгореници во експлозијата починал синоќа во љубљанскиот клинички центар, потврди директорот на компанијата Меламин, Среќко Стефаниќ.
Сепак, според податоците на Клиничкиот центар Љубљана, објавени утринава нешто пред 7.30 часот на Твитер, пациентите кои се префрлени во овој болнички центар се живи, но едно лице се уште не е идентификувано и е во многу лоша состојба.
Причина за трагичниот настан најверојатно е човечката грешка на еден од вработените, која се случила при испумпување на суровини во складишниот простор, изјави вчера Стефаниќ, додавајќи дека дошло до катастрофална забуна, односно до замена на две суровини.
Несреќата се случи вчера изутрина при што беа повредени повеќе од 20 луѓе. Фабриката произведува меламински смоли кои се користат во хемиската, гумарската и градежната индустрија.