26 Април, 2024
0.0274

ШИК ДИЗАЈН ОД ШИК МАЈКИ: Од работи кои се фрлаат Еквадорка, Американка и Србинка прават уметност

Објавено во: Стил 22 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Живееле на повеќе страни во светот, а потоа се омажиле и преселиле во Србија. Покрај семејниот живот во Белград кој не би го менувале посакале да пронајдат и работна инспирација.

Како љубителки на убавото и познавателки на дизајнот Клаудија Петровиќ и Шери Сувачаров се испробале во реставрација на стар мебел. Им се придружила и Маринела Јачовиќ, која единствена од сите три перфектно зборува српски и работата во  Tierra Verde Designs можела да започне.

Еквадорка, Американка и Србинка ќе се состанат во градината на еден кафе бар во Белград каде прават планови, се кафесуваат и неретко токму таму го дотеруваат мебелот. Често сами влечат и пренесуваат масивни комоди, фотелји, столови, но тоа не им паѓа тешко, бидејќи, како велат, имаат слобода да работат кога посакаат и дека секогаш ја исполнат својата креативност.

Сите три се мајки,  а се состануваат и по куќи и гаражи, а во работите често присуствуваат и нивните деца.

Тие се запознале минатото лето, и почнале заедно да работат, ставајќи акцент на клиентите кои сакаат да им се уреди цел стан или една соба.

„Има парчиња за кои семејствата се емотивно поврзани. Затоа ние сме тука сето тоа да го прилагодиме, да им го продолжиме векот на траење, а повторно нашите клиенти да имаат чуство дека се дома, дека тие се претставени преку мебелот. На некои им сликаме на нивните ормани, комоди, столици, им земеме мерки од цел стан, па се средиме, а има и клиенти кои сакаат сами да ги купиме и донесеме тие стари парчиња па да им дадеме ново руво“, раскажуваат уметничките.


Најчесто, велат ги контактираат Белграѓани и од Нови Сад.

Клаудија живеела во Америка и Еквадор, а Шери во Америка. Оттаму во Србија донела непроценливо 15 годишно искуство во областа на дизајнот бидејќи во Америка била сопственичка на компанија која се занимавала со дизајн на ентериер.

Во последните години велат се појавила доста конкуренција, но тие одат напред бидејќи знаат дека имаат квалитет.

„Ние сме три талентирани жени, три мајки, и три уметнички кои ова не го сметаат за мода. Нас ни се важни уметноста и квалитетот, да на она што некој би го фрлил му дадеме нов сјај-рекле Шери и Клаудија.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти