Шилегов го обвини Зврлевски што не презеде речиси ништо за Крвавиот четврток
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2017
Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов смета дека само за да не дојде до разрешување на јавниот обвнител Марко Зврлевски од ВМРО-ДПМНЕ се способни повторно да ги внесат насилниците кои тепаа пратеници и новинари на Крвавиот четврток
Шилегов смета дека Зврлевски ја има вината и за тоа што не се презело речиси ништо за упадот во Собранието на 27. април, за Актор и за многу други случаи.
Му порача на државниот јавен обвинител дека свесно го застарел случајот со земање мито од Македонска банка меѓу другите сомнителни предмети.