26 Април, 2024
0.2571

Шилегов: Груевски ја создаде кризата, и тој не може да биде дел од решението!

Објавено во: Македонија 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

„Никола Груевски ја создаде оваа криза, и не може да биде дел од решението за кризата. Груевски очајно се обидува повторно да стане фактор во политиката во Македонија. Македонија му кажа збогум на Никола Груевски и тој е минато во политиката и од него не можеме да очекуваме ништо што може да и донесе добро на оваа држава“, ова го изјави портпарол на СДСМ Петре Шилегов одговарајќи на новинарските прашања.

Коментирајќи го утрешното доаѓање на еврокомесарот Хан и пратениците Шилегов вели дека СДСМ од Хан очекува дека ќе ги пренесе пораките кои веќе се дадени од страна на Европската Комисија, од страна на Советот на министри на ЕУ, од страна на еврокомесарот Могерини, а тоа е дека во Македонија мора да се врати уставниот поредок. 

„Очекуваме дека тоа е пораката која ќе биде пратена и до Иванов и до Груевски. Очекуваме дека ќе има силна осуда на говорите и повиците на политичко насилство кои ги промовираше Никола Груевски“, потенцира портпаролот на СДСМ.

Во однос на утрешната седница Шилегов посочува дека нивните очекувања се дека во најбрзо можно време ќе се закаже седницата на Собранието на која ќе се избере Претседател и да може да се движи демократскиот процес.

„Очекувавме дека тоа ќе биде направено уште во текот на минатата недела или за деновите на викендот. Неодговорно е Република Македонија да зависи од тоа што Илија Димовски се сонча на некоја плажа во Грција, затоа што бил на викенд и не можеме да продолжиме со работата на Собранието“, потенцира Шилегов.

Претходно на прес конференција пратеникот од опозицијата се обрати до 

директорите, професорите и наставниците, бидејки загрижени родители јавуваат дека има наредба во училиштата, нивните деца утре да се изнесат на националистичките протести на коишто се шири меѓуетничка омраза.

Тој повика веднаш да престанат притисоците и злоупотребите на деца за партиски цели и дека ќе има одговорност за секој кој ќе прекине настава за да носи деца на протести, со што ја загрозува и нивната безбедност и безбедноста на граѓаните!

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица