Шилегов и Каминис нема да мешаат висока политика
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2018
Градоначаникот на Скопје Петре Шилегов и неговиот колега градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис подготвуваат средба на која ќе се разговара за активностите во кои може да соработуваат градовите наспроти тензичната ситуација околу спорот со името.
Во интервју за радиото Тема 104.5, Каминис е дециден во тоа дека нема да се разговара за името и за политиките поврзани со таа проблематика. Алудира на тоа дека е потребна постојана комуникација и за другите прашања кои ги засегаат народите.
„Строго ќе се ограничиме на нашата улога, на соработката на двата градови, за да испратиме порака дека соработка со градот Скопје е најдоброто нешто што можеме да го направиме во овие околности“, вели атинскиот градоначалник во пресрет на средбата со Шилегов.
Градоначалниците ќе разговаат за теми од социјална заштита, иновации и култура.
„Одлучив да го поканам сега, токму за да испратиме порака дека градовите можат да соработуваат, можеме да ги разменуваме нашите искуства, можеме да соработуваме на илјада полиња и така да покажеме дека барем на ниво на ниска политика, и сакам да го потенцирам ова, на ниво на ниска политика, Скопје и Атина, а соодветно и двете земји, можат мирно да коегзистираат – вели Каминис.