ШИЛЕГОВ ОДИ ВО АТИНА: Која е целта на посетата?
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2018
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов во петок ќе ја посети Атина и ќе оди на средба со атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис.
Како што информираа од Град Скопје, Шилегов дента ќе се сретне со Каминас по што ќе имаат прес-конференција.
Посетата се смета за дел од тековните напори за засилување на соработката меѓу двата града, размена на знаења и искуства.
Градоначалникот Каминис го поканил македонскиот колега во официјална посета на грчкиот главен град, во екот на преговорите за името.