Шилегов се пофали дека ги сопрел барокните фасади
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2018
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по повод 100 дена мандат, рече дека е стопирана изградбата на 95 барокни фасади во Скопје.
Вели дека парите ќе се пренаменат за реконструкција на сите средни училишта, истите да добијат енергетски ефикасни фасади и информираше дека ќе продолжи акцијата за разеленување на Скопје.
Поголем дел од центарот на Скопје веќе доби еден стил на фасади и еден изглед кој му дава целина на тој простор од градот, па нејасно е што ќе биде следен чекор со застарените фасади на повеќе згради кои се „помеѓу“ барокот, дали ќе останат исти со нивниот потрошен и неубав лик или пак ќе добијат помодерен изглед со што исто така ќе се направи визуелна и естетска мешаница.