Шилегов соопшти дека со 20 потписи го предложиле Талат Џафери за спикер
Објавено во: Македонија 27 Март, 2017
Пратеничката група на СДСМ собрале 20 потписи со кои за претседател на Законодавниот дом го предлагаат Талат Џафери од ДУИ.
Информацијата на прес - конференција ја соопшти пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Согласно одредбите од деловникот веќе поднесовме барање за избор на претседател на Собранието, со поддршка од 20 пратеници. Дискусијата по оваа точка станува безпредметна бидејќи комисијата и не мора да се избере, треба веднаш да се прејде на избор на претседател на Собрание“- изјави Шилегов.
Тој вели дека очигледен е стравот од одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и сега ја блокираат работата.