26 Април, 2024
0.0268

Шќипе: Слободата е најважното нешто

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Особено кога говориме за жените. И тоа не само на Балканот. Не заборавајте дека слободата е нова придобивка. Ропството на жената има спектакуларна историја. Илјадници години жените се репресирани од страна на мажите и општеството што мажите го контролираат. Требаше да се случат драматични промени во светот и многу храбри жени да се жртвуваат за слободата на сите, за да се прифати идејата дека жените имаат личност и се рамноправни со мажите. Значи слободата е чин на храброст. Да се биде слободен значи да се има храброст да се биде слободен. А ние денес живееме уште во општество каде не само жените, туку и мажите се неслободни. Треба да се изборат неслободните мажи за слобода (слобода од религиските и, подоцна, од идеолошките ограничувања, од својата потреба за моќ, од општествените улоги што сами си ги доделиле, од маските што ги носат, од своите ниски страсти, од стравот од потиснатата сексуалност на жената, од својот страв да бидат слободни…) за да можат да имаат слободни жени, а тоа не е така едноставно. Неслободата на жените во едно општество говори за неслободата на мажите...

Целото интервју со Шќипе Мехмети прочитајте го на Женски магазин, на овој линк.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти