26 Април, 2024
0.0265

Шкода Фабиа без проблем издржува 1 милион километри!

Објавено во: Стил 05 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Шкода Фабиа (Škoda Fabia) 1.9 TDI со 74 kW (101 КС), произведена во 2000 година, помина еден милион километри, а нејзиниот сопственик, Германецот Петар Кирхоф ја донесе својата Фабиа до музејот на компанијата во Млада Болеслав. Километражата на автомобилиот прикажа 999.999 километри.

„Како и Петар Кирхоф и ние сме многу среќни поради ова големо достигнување. Во исто време горди сме поради тоа што тој поминал толку многу километри токму со возило од брендот Škoda. Никој не може да посака поцврст доказ за квалитетот и сигурноста на нашите автомобили ", изјави д-р Мартин Хрдличка, претставник од техничкиот оддел за развој во Шкода.

Хрдличка кој работел на создавањето на првата генерација од моделот Фабиа истакна дека автомобилот и за време на претставувањето на саемот во Франкфурт во 1999 година,  предизвика возбуда и интерес, а потоа ја освои  наградата „Златен волан".

Добрите критики во печатот, прифатливата основна цена од 18.798 германски марки во тоа време, наградата "најдобра во класата според рејтингот на осигурувањето" беа најважните причнии Петер да се одлучи за Шкода Фабија. На 3 јули 2000 година, тој го добил клучот од неговата сребрена Шкода Фабиа.

„Кога ја земав, на километражата пишуваше единаесет километри. Од тогаш до сега, заклучив дека секој цент потрошен за овој автомобил се исплати. Во тоа време, не ни сонував дека ќе поминам еден милион километри", вели Петар Кирхоф.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти