19 Мај, 2024
0.0300

Шкотска прва во светот воведува минимални цени на алкохолот

Објавено во: Свет 02 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Шкотска е прва во светот што воведува минимални цени на алкохолот. Оваа иницијатива стана реалност по неколкугодишни правни борби, информира АФП.

"Шкотска е прва во светот, премногу храбра и решителна, за да воведе единствена минимална цена", изјавил за АФП Никола Страџен, регионален премиер на Шкотска.

"Мислам дека земјите во Европа и на друго место во светот ќе се обидат да го воведат она што тука го направи Шкотска", додаде таа, истакнувајќи дека Ирска и Велс размислуваат за слични планови.

Веќе е одредена минимална цена од 50 пени (0,70 долари или 57 центи) за единица алкохол - мерка која ја предвидува истовремено содржината на алкохол и обемот на производот.

Оваа иницијатива, чија цел е да се бори со штетата од алкохолот, беше поздравена од лекарскиот сектор како најголем напредок во напорите за заштита на јавното здравје по забраната за пушење на јавни места.

"Овој закон ќе спаси животи", изјавила г-ѓа Елисон Даглас, главен директор на добротворната организација која предвиде дека законот најверојатно ќе го спаси животот на 58 лица во првата година од неговото воведување во сила и до 121 животи "до 20 години, кога оваа политика ќе достигне целосен ефект ".

Во 2016 година 1265 смртни случаи биле поврзани со алкохол во Шкотска каде живеат 5,3 милиони луѓе. Ова е зголемување од 10 отсто во текот на претходната година.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто