16 Мај, 2024
0.0283

Шпанија повлече 9000 брзи тестови за Ковид-19 произведени во Кина како „несигурни“

Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber


Шпанија повлекува 9000 брзи тестови за „ковид-19“ направени во Кина, откако тестовите откриле дека нивните резултати биле „неверодостојни“.

Тестовите, испорачани од кинеската компанија „Shenzhen Bioeasy Biotechnology“, биле набавени „пред неколку недели“ преку шпански снабдувач што ги увезувал од Кина, се вели во соопштението на владата испратено до Си-Ен-Ен. Кога шпанските власти ја тестирале опремата пред да ја стават во употреба, тие не го достигнале потребното ниво на квалитет.

„Очигледно, постои обврска да се вратат примероците и снабдувачот се обврзува да ги замени“, рече високиот функционер на шпанското Министерство за здравство, Фернандо Симон, на дневниот брифинг за коронавирусот на владата. „Покрај тоа, Министерството за здравство бара други даватели на услуги за да обезбеди брзи тестови“, рече тој.

Иако пробата откри дека тестовите не ги исполнуваат стандардите на Европската унија, опремата е заверена од ЕУ, соопшти владата. Европската комисија за Си-Ен-Ен изјави дека „ја испитува ситуацијата“.

Шпанската влада додаде дека погрешните тестови не се дел од набавката на медицинска опрема од кинеската влада.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“