26 Април, 2024
0.0277

Шпанските банки со преполовен профит

Објавено во: Свет, Финансии 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Шпанските банки продолжуваат да бележат загуби поради расчистување на лошите кредити поврзани со секторот на имот, а на што инсистира Владата. Од денеска, во наредните неколку недели ќе се разјасни и точно колкави се загубите, бидејќи финансиските институции сега почнуваат да објавуваат извештаи за третиот квартал, пренесува Ројтерс. Прва извештајот ќе го објави „Bankinter“. Според прогнозите, нето добивката на оваа финансиска институција ќе биде преполовена иако банката не е толку изложена на влијанието на секторот на имотите, колку што се нејзините конкуренти. Агенцијата потсетува дека во моментов европските партнери на Мадрид подготвуваат специјална финансиска помош за банкарскиот сектор во Шпанија. Ревизијата на финансиските институции во земјата покажа дека недостатокот на капитал изнесува околу 60 милијарди евра. Европските власти ветија дека ќе им дадат на шпанските банки околу 100 милијарди евра. Шпанија го обврза банкарскиот сектор да одвои вкупно 137 милијарди евра за да ги покрие загубите. Според аналитичарите секоја банка ќе добие индивидуален распоред за да ги исполни новите капитални барања и потребите од дополнителни провизии, како и да ги отпише загубите од средствата поврзани со секторот на имотите. Се очекува процесот на отпишување на проблематичните средства од билансот на шпанските финансиски институции да заврши кон крајот на декември. За банките кои се во процес на спојување, рокот најверојатно ќе биде продолжен до почетокот на 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9