26 Април, 2024
0.0297

Шпанците и Италијанците се побогати од Германците?!

Објавено во: Стил 24 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Истражувањето на Бундесбанк во врска со финансиите во приватните домаќинства резултираа со прилично збунувачки заклучоци.Германските домаќинства имаат значително пониски средства од оние во Шпанија или Италија. Просечно германски домаќинство, според податоците на Германската јавна банка- Бундесбанк има бруто средства во вредност од 69 илјади . Кога од оваа сума ќе се одземт долговите, нето вкупната актива на германското домаќинство е 51 илади евра. Во Италија пак таа изнесува 163.000, а во Шпанија околу 178.300 евра. Во Франција, оваа сума е 113.000 евра, како и 76.000 евра во Австрија. Бундесбанк го спроведе ова истражување врз речиси 36.000 домаќинства во Германија во периодот од септември 2010 година до јули 2011 година, што значи од самиот почеток со кризата на еврото. Во другите земји анкетате спроведена веднаш по кризата. Бундесбанк за да се добие просечната вредност во студијата ги вклучи и податоците за таканаречената средна вредности. Во студијата, исклучени се екстремно високи или ниски вредности. Ова значи дека во оваа студија не се земаат во предвид многу богатите или многу сиромашните домаќинства. Покрај недвижниот имот на индивидуалните домаќинства, студијата ги вклучила и нивните заштеди, приходите и очекуваната пензија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти