16 Мај, 2024
0.0282

Шпекулации за кинескиот економски раст ја соборија цената на нафтата

Објавено во: Анализа 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден еврото опадна на двомесечно најниско ниво во однос на доларот. За разлика од еврото, британската фунта успеа да се одржи на претходно реализираната добивка во однос на доларот, бидејќи добрите економски податоци кои беа објавени минатата недела во Велика Британија продолжија да ја поддржуваат побарувачката за фунта. Цените на фјучерсите на американските акции не се движеа многу во текот на вчерашниот ден поради прославата на Денот на Мартин Лутер Кинг во Америка. Цената на златото била прилично стабилна во текот на вчерашниот ден. Цената на суровата нафта падна поради шпекулацијата дека е намален економскиот раст на Кина кој влијае на намалување на побарувачката на нафта. Детална анализа ТУКА