01 Мај, 2024
0.0265

Штедачите од Еуростандард ќе одат „на гости“ пред Народна банка - СЕ ДО ЦРНАТА СРЕДА И НИЕ ГО СЛАВЕВМЕ ДЕНОТ НА ШТЕДЕЊЕТО

Објавено во: Финансии 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Оштетените штедачи од Еуростандард банка повторно ќе го изразат својот револт против институциите, кои, како што велат, ги довеле во незавидна ситуација.

Протестот има и симболичен датум, а тоа е петок, 30 октомври, на еден ден пред Светскиотден на штедењето.

А како локација каде ќе протестираат, ја избрале Народна банка.

Еве што напишаа штедачите во своето последно соопштение до јавноста.

„Следствено на нашите досегашни објави до медиумите каде почнавме со јавно прикажувње на криминалот направен врз нас како дел од пропаѓањето на Еуростандард банка, би сакале со овој текст и воедно да ја известиме јавноста за нашиот втор протестен собир кој овој пат ќе го одржиме пред зградата на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаме, а тоа е никој друг него Народната Банка, пишуваат штедачите. 

Нивниот протест, како што велат, ќе биде со почеток во 15 часот на 30 октомври или ден порано од светскиот ден на штедењето, 31 Октомври.

„Тој ден, се до црната за нас среда, 12 август, беше и наш празник, кој гордо го славевме како депоненти во овој наш банкарски систем регулиран од НБРМ, институција која еве не натера место да празнуваме да протестираме против криминалот направен над нас“, велат штедачите.

Воедно, ги повикуваат на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на било кој начин од овој наш банкарски систем, „да им се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните а не на криминалците“.

„На 30 октомври ќе протестираме, а на 31 октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно.

Воедно би сакале јавно да се заблагодариме на политичките партии кои јавно не подржаа во нашата цел за докажување на криминалот направен врз нас преку закажување на Надзорната расправа во Сообранието, како и за идното поднесување на предлог законот за наше целосно обештетување и воедно конечно расчистување со криминалот во банкарскиот систем и вадење на криминалците пред лицето на правдата. Борбата продолжува за вистината и правдата!“, пишуваат штедачите воп својот допис до медиумите.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?