05 Мај, 2024
0.0253

Штедење: Денарот стабилен – се враќа довербата во странските валути

Објавено во: Анализа 24 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

За само еден месец депозитите во банките се зголемија за 87 милиони евра. Заклучно со август, според најновите показатели на Народната Банка, вкупната депозитна база изнесува нешто повеќе од 4 милијарди евра. Анализата на најновите податоци укажува на тоа дека пораст се забележува и кај денарското и кај девизното штедење, но сепак најголем дел од депозитите во банките се во домашна валута. Вкупни депозити           4,1 милијарди евра Депозити во денари     2,3 милијарди евра Депозити во девизи      1,8 милијарди евра Според Народната Банка остварениот раст на депозитите е резултат главно на пораст на денарското штедење, додека кај девизното е забележан умерен годишен раст. “Денарските депозити на населението се зголемуваат и во текот на август, со речиси исто темпо како и во претходните месеци, при што се задржа нивнотостабилно учество во вкупните депозити на населението од околу 49%. Девизните депозити и натаму се зголемуваат со умерено темпо“ – оценува НБРМ. Според податоците, домаќинствата чуваат 1,4 милијади евра во денари и 1,5 милијарди евра во странски валути, главно во евра. Растот на депозитите, забележан во вториот кавртал продолжи и во август. Она што навестува оптимизам е месечниот пораст на депозитите на приватниот сектор. “Годишната стапка на раст на вкупните депозити заклучно со август, годинава изнесува 4,5% и е под проекцијата за третиот квартал од 7,3%. На квартална основа, заклучно со истиот месец, вкупните депозити бележат раст од 6,7 милиони денари. Тоа е речиси двојно повеќе од планираниот раст за третиот квартал согласно со априлската проекција “ – оценува Народната Банка. Според податоците, во банките лежи скоро 1 милијарда евра депозити на фирмите и на јавниот сектор, додека граѓаните чуваат 2,9 милијарди евра.   А.Д.  

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад