Што бара Ковачев за македонските Бугари?
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2023
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев бара македонскиот државен врв да ги прими Бугарите од земјава на средба.
Ковачев денеска во Европскиот парламент се сретна со претставници на здруженијата Бугарите во Македонија. Вели дека македонските Бугари се залагаат за што поскоро членство на Македонија во ЕУ. Според Ковачев, тоа е во интерес на Македонија, Бугарија и Европа.
„Со војната во Украина и пропагандната војна во Бугарија и во земјите од Западен Балкан, тоа е исклучително важно, мора да се поддржат проевропските сили“, изјавил Ковачев, пренесува БНР.
Ковачев порача дека македонскиот претседател Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи, Oливер Спасовски треба да ги примат македонските Бугари. Според него, тие лично треба да ги пренесат проблемите кои ги имаат.