15 Мај, 2024
0.0341

ШТО БАРА МЕРКЕЛ ОД ЕРДОГАН: Берлин има цена за економската помош за Турција

Објавено во: Свет 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Германската влада ќе побара политички промени од турскиот претседател Реџеп Ердоган во замена за можна помош за стабилизирање на турската економија. Ова го најави еден од членовите на германскиот парламентарен комитет за меѓународни односи во интервју за Блумберг.

"Имаме заеднички интереси во однос на миграционата политика, но исто така имаме големи разлики", рекол Јурген Харт од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел. Според него, Германија сака Анкара да ја почитува слободата на медиумите, да ги ослободи Германците уапсени од политички причини и да се воздржи од разгорување на војната во Сирија.

Турската валута криза особено се одразува во Германија - најголемиот турски економски партнер и дом на речиси 3,5 милиони турски заедници. Билатералната трговија помеѓу Германија и Турција минатата година изнесувала речиси 37 милијарди евра. Меркел и ЕУ имаат потреба од благосостојба на Турција во врска со договорот за миграција, каде што земјата го спречува протокот на мигранти во Европа во замена за сума од 6 милијарди евра.

И иако од официјален Берлин сеуште да нема предлог за помош, билатералните односи ги истакнуваат високите облози на претстојната посета на претседателот Реџеп Ердоган во септември во Германија.

Харт исто така даде до знаење дека првото место на Запад, кон кое што Турција треба да се обрати ако сака поддршка, е Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а не Германија или Европската унија.

Сепак претходно оваа недела владата на Меркел ги негираше извештаите на весникот Der Spiegel дека германскиот министер за финансии Олаф Шолц го повикал турскиот колега Берат Албаирак да побара помош од ММФ.

Турција и Германија значително ги влошија билатералните односи во последните години, по серијата државни чистки на Анкара, последен обид за преврат во земјата од 2016 година, за време на кој во затвор отидоа и некои германски државјани. Во меѓувреме, Ердоган постојано ги критикуваше властите во Берлин.

Сепак германската покана за гостувањето на турскиот претседател на 28 септември претставува затоплување на односите и го нагласува тоа како активностите на американскиот претседател Доналд Трамп на економскиот фронт ги тераат двете страни да ги преиспитаат односите. Минатата недела Меркел беше домаќин и на билатерална средба во четири очи со рускиот претседател Владимир Путин - првата после повеќе од пет години.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?